Фотографирал дух во еден стар воз за Ноќта на вештерките

Во музејот во Белфаст се наоѓа застрашувачката фотографија од дух направена во еден стар воз за време на Ноќта на вештерките. Ја направил Џонатан Хан, репортерот на „Белфастлај“.

„На денот кога се славеше Ноќта на вештерките направив многу фотографии, се вратив дома и кога видов што има на едната од нив речиси ќе умрев. Не можев да поверувам“, изјави 45-годишниот репортер.

Но, тоа не е единствената шокирачка работа која се случила таа вечер.

Уште една фотографија од дух е направена во Крумлин роуд и на истата може да се видат две очи, нос и уста. Духот е фотографиран во темница.

Тим Матевс и Хантер Хантерс од Јужен Јокшир, исто така, фотографирале дух во театарот Олд Ник минатиот месец.

Таму еден работник на бензиската пумпа забележал необична појава кога ги прегледал снимките настанати во театарот.

Имено, видел хартија која летала по собата. Работникот тврдел дека никој не можел да објасни каков предмет всушност е тоа, ниту да објасни како истиот  се движи, и сакал да му покаже на светиот доказ дека духовите во наведениот театар навистина постојат.

 

 

 

Scroll to Top