Се искачил на 4. кат за да спаси дете кое висело од балкон

Мигрантот од Мали, Мамоду Гасама, станал херој во Франција откако се качил на четвртиот кат од една зграда во Париз за да спаси дете кое висело од балкон.

На Гасама (22) му било потребно помалку од една минута преку балконите да се качи на четвртиот кат од зградата и да го спаси четиригодишното дете, наведува Би-би-си.

Тој преку балконите се искачил на 4. кат и го вратил детето на безбедно додека луѓето кои биле собрани на улицата навивале и го бодреле.

Детето никој не го надгледувал, па се качило на оградата на балконот, а момчето од улица го забележало и без многу двоумење тргнало во акција за спасување.

На крајот, двајцата завршиле во болница поради претрпен шок.

Scroll to Top