Се издава зградата од филмот „Појадок кај Тифани“

Во 1961 година, зградата во Апер Ист Сајд во којашто живееше Одри Хелберн и одржуваше забави како Холи Голајтли во филмот „Појадок кај Тифани, стана дел од кинематската историја. А оттсега и туристите ќе имаат можност да изнајмат некој од апратманите за време на својот престој во Њујорк.

Изградена е во 1910 година, а се простира на пет ката. Гостите ќе имаат пристап до четири спални соби, четири и пол бањи, бар, библиотека, винарска визба, две тераси и мал двор.

За разлика од апартманите со една спална соба и кади претворени во софа, како што имаше Холи Голајтли, овде модерниот ентериер е уреден во поудобен и луксузен стил

Преку платформата за изнајмување луксузни апартмани Inspirato, целата куќа е достапна за нејзините членови кои сакаат да го направат својот престој поспецијален како од филм. Со Inspirato Pass цената за еден месец изнесува 2.500 долари, додека членовите на Inspirato Club ќе плаќаат долари по 600 долари месечно, а ќе мораат да одвојат и дневен надомет за кирија.

Куќата се наоѓа во близина на Централ Парк, а гостите ќе имаат можност да пешачат со кафе и кроасан за да стигнете до продавницата на Тифани на Петтата авенија за целосен филмски впечаток.

.

 

Scroll to Top