Заринкаа 150 кита на брегот на Австралија, само 15 преживеаја

Повеќе од 150 кита заринкаа во заливот Хамелин на западот од Австралија, а само 15 сè уште се живи, соопштиле утрово официјалните лица.

Заринканите животни прв ги забележал риболовец, кој потоа ги известил надлежните служби, кои се обиделе преживеаните цицачи да ги вратат во морето, пренесува агенцијата АП.

Се верува дека станува збор за таканаречени китови пилоти.

 

 

Scroll to Top