Се огласи девојката што направила 50 операции за да личи на Анџелина Џоли

By

Целиот свет веќе ја запозна Сара Табар (19), тинејџерката од Иран, која направила 50-ина пластични операции за да личи на актерката Анџелина Џоли, пренесува unilad.co.uk.

Луѓето ја критикуваа поради нејзиниот изглед говорејќи дека изгледа како зомби. Некои дури и истакнаа дека таа користела шминка и технологија за да го добие овој екстремен изглед. Некои медиуми пишуваа дека Сара држела екстремна диета за да ослаби. Според нивните тврдења, оваа девојка ослабела до 40 килограми.

Таа неодамна објавила и фотографии на кои се гледа како изгледала пред операцијата, а многумина се согласуваат дека повеќе ѝ прилега природниот изглед.

Откако многубројни светски медиуми пишуваа за неа, сега таа одлучила да се огласи и да ја каже својата страна на приказната.

Сега нејзиниот инстаграм-налог е приватен, па не може секој да види што таа споделува, а поединци велат дека неодамна баш таму ја објавила и својата порака.

„Здраво мои драги следбеници. Морам да ви признам дека имав една пластична операција, а не педесет како што пренесуваат одделни медиуми и странски интернет-страници. Бев многу потресена поради начинот на кој се зборуваше за моите фотографии. Мислев дека луѓето веројатно живеат во 18 век и дека никогаш не слушнале и виделе технологија и шминка, па затоа многу се изненадени“, вели таа.

На крајот нагласи дека луѓето што ја критикуваат само се љубоморни на нејзиниот изглед.

 

 

 

 

Ќе ви се допадне