Се отвора хотел со 5 ѕвезди за миленичиња

Луксузни соби, базени за игра, па дури и можност за видео-чет на сопствениците се дел од новиот хотел за домашни миленичиња со 5 ѕвезди на аеродромот во Аделаида во Австралија.

Директорот Арон Чија смета дека инвестицијата од 9 милиони долари ќе им се врати за девет години.

„Ќе обезбедиме најквалитетна грижа за кучињата и мачките кои ќе престојуваат во нашиот хотел додека нивните сопственици се на одмор”, објасни тој.

Хотелот ќе има 262 стандардни и луксузни соби, соби за игра во хотелот и надвор од него, фризерски салони, базени за миленици, ветеринарна ординација и терени за трчање. Интересно е дека приватните соби за домашните миленици имаат и телевизор преку кој миленичињата ќе можат да „скајпуваат” со своите сопственици.

Scroll to Top