Утрово уште пред официјално да отворат вратите на новиот скопски трговски центар „Ист Гејт Мол“, имаше многу луѓе кои чекаа пред главниот влез. Македонски диџеј пушташе музика уште пред 10 часот за вистински амбиент уште на влезот на новиот трговски центар во Скопје. Ништо помалку не беше ниту интересот за купување во новиот шопинг мол, а дека љубопитноста е голема, се виде и со бројните посетители кои шетаа со брндираните кеси, што од мерак, што заради попустот кој го имаше во дуќаните зарди свеченото отварање.
Модерно уредениот мол се наоѓа на местото на поранешнот Скопски Саем, подоцна „Метроплис Арена“ и се простира на 5 нивоа. Нуди 2.000 паркинг места, гигантски размери на вкупна површина од околу 160.000 м2, како и на простор за закупување од околу 57.000 м2. Има 220. продавници, кои нудат избор од 600 брендови, од кои 40 се сосема нови и се за првпат присутни на пазарот кај нас.
Меѓу многубројните брендови во молот, отворена e најголемата Zara продавница на Балканот, (Zara и Zara Home), како и препознатливи глобални и регионални имиња како Reserved, Mohito, Sinsay, Cropp, House, Armani Exchange, Calvin Klein, Kiko Milano, Pandora, Mango Man-Woman-Kids, XYZ, Patrizia Pepe, XYZ, Valentino, Tods, Furla, Neptun Electronics, Dsquared2, Massimo Dutti, De Facto, Madame Coco, Babor Cosmetics, Prenatal, Reserved, Oysho, The Athlete’s Foot, Twinset, кафе и книжарница на Литерература.мк и многу други. На најдолниот кат, се наоѓа голем маркет од ланецот на „Тинекс“. Ист Гејт Мол е инвестиција на Балфин Групацијата .