Сè повеќе Американци ги напуштаат скапите крајбрежни градови

Голем број Американци ги напуштаат скапите крајбрежни градови, меѓу кои се Сан Франциско, Лос Анџелес и Њујорк, пишува CNBC.

Во извештајот на „Редфин“, компанија која се занимава со недвижности, за миграциите за чвртиот квартал во 2019 година, има анализирано повеќе од милион корисници во 87 градски области ширум САД, во периодот меѓу октомври и декември, минатата година.

Податоците покажуваат дека клиентите на „Редфин“ од скапите градови, како Сан Франциско или Сан Диего, бараат куќи во поевтини области, во кои и понатаму постојат погодности како градовите, како што е примерот со градовите Остин или Финикс.

Тоа не изненадува нималку, затоа што Калифорнија е една од најскапите држави во САД, а нејзините граѓани секогаш негодуваат поради астрономските порасти на цените за сместување.

Едно од местата кое неодамна стана популарно е Портланд, во Орегон.

„Портланд има најповолна средна цена на куќите, меѓу градовите на западниот брег. Ова место го прави атрактивна дестинација за оние кои доаѓаат од прескапите градови“, се вели во извештајот на „Редфин“.

Овој град исто така нуди можности и за кариерата. „Способноста да се работи на далечина е од огромна важност кога се работи за преселбите, особено во рамките на истата временска зона“, вели еден од агентите на „Редфин“ од Портланд, Меган Ворен.

Според овој извештај, најбараните градови за преселба се Нешвил во Тенеси, Бостон во Масачусетс, Тампа на Флорида, Портланд во Орегон, Далас и Остин во Тексас, Атланта во Џорџија, Лас Вегас во Невада, Сакраменто во Калифорнија и Финикс во Аризона.

Во извештајот се земени во предвид податоците за средните цени на куќите во однос на просечните приходи во градовите.

 

 

Scroll to Top