Се продава куќата на Микеланџело

Се продава вилата на познатиот фирентински уметник Микеланџело Буонароти. Неговиот некогашен семеен дом, кој во меѓувреме бил реновиран од новите сопственици, се продава по цена од 9.27 милиони долари. Зданието се наоѓа во областа Кијанти, Тоскана.

Се простира на 1.200 метри квадратни и има десет спални соби и седум бањи.

Куќата, која славниот уметник ја сметал за свој дом, ја купил во 1549 година, а семејството Буонароти ја поседувало до 1867 година. Во цената на куќата е пресметана и копијата од оригиналниот договор кој Микеланџело го потпишал при купувањето. Уметникот кој дал непроценлив придонес за италијанската ренесанса и ја насликал Сикстинската капела, не оставил ниту една фреска во својот дом.

Scroll to Top