Се роди бебе тешко седум килограми во Велика Британија

Неодамна британката Шерал Мичел (31) го роди синот Алфи, третото најтешко новороденче во историјата на Обединетото Кралство. Тоа тежи речиси седум килограми, а неговата мајка вели дека бил толку голем што дури две бабици морале да се вклучат во породувањето, пренесуваат странските медиуми.

Мичел вели дека за време на пораѓањето сите почнале да смеат кога му излегла главата, а нејзиниот сопруг Тајсон искоментирал дека навистина е многу голем.

„Две сестри го влечеа, коментирајќи дека не виделе поголемото новороденче. Веднаш го сликаа и почнаа да бараат податоци за најтешките бебиња во земјава. Го нарековме „бебе нилски коњ“, вели мајката.

Таа додава дека кога забременила со него била на хормонална контрацепција со спирала.

Лекарите велат дека Алфи е толку голем бидејќи мајката јадела многу слатки.

„За време на бременоста ми беше дијагностициран гестациски дијабетес, па плодовата вода беше слатка. Поради мене консумираше многу шеќер“, вели таа.

Шерал и Тајсон се родители на уште три деца кои се со просечна големина.

Scroll to Top