Се самоуби тинејџерка од Индија, ѕвезда на „Тик-ток“

Ѕвездата на социјалната мрежа „Тик-ток“, Сија Какар почина на 16-годишна возраст. Полицијата вели дека Сија била најдена мртва во нејзиниот дом во Њу Делхи и дека станува збор за самоубиство. Какар имала преку милион обожаватели на социјалната мрежа.

Смртта на Сија прв ја потврдил нејзиниот менаџер Арјун Сарин. Тој во изјава за медиумите потврдил дека девојката претходно немала никакви проблеми.

„Синоќа разговарав со неа за нејзиното потекло и ми звучеше нормално“, изјавил Сарин.

Ѕвездата на „Тик-ток“ живеела во Њу Делхи и претходно оваа недела објавила вообичаена видеоснимка на социјалната мрежа, како што тоа го правела и претходно.

Сија била позната по своите танцови кои ги покажувала на видеоснимките.

 

 

Scroll to Top