Се сеќавате ли на Зазу – Човекот кој го споредуваат со Чарли Чаплин стигнува на нашите простори

By
Бауерс е еден од најценетите пантомимичари денеска во светот.Американецот Бил за прв пат ќе настапи во Србија на шестиот Меѓународен фестивал пантомима – P(h)antomfest, кој ќе се одржи во Врање на 22 и 23 септември, во организацијата на Меѓуопштинската организација глуви и наглуви Врање.

Тој на 23 септември од 20 часови во Домот на војската ќе ја изведе претставата „Повеќе од зборови“. Претставата ќе дава портрет на малиот американски град филтриран низ личното искуство на Бил.

Тој дефинитивно е еден од најценетите пантомимичари денеска во светот, а неговите елоквентни движења ни ги откриваат најдлабоките вистини за човекот.

Иако изградил свој сопствен стил, често го споредуваат со Чарли Чаплин и Бастер Китон. Бил студент на прочуениот Марсел Марсоа, а настапувал и своето знаење го пренесува ширум Америка, Европа и Азија.

Играл на Бродвеј во Дизни „Кралот Лав“ (Зазу) и мјузиклот „Тhe Scarlet Pimpernel“ (а неговата автобиографска претстава „It Goes Withot Saying“ била распродадена и со голем успех е играна на Бродвеј во театарот „Rattlestick Playwrights Theater.

Бил на 22 септември во 13 часот во Народната библиотека во Врање ќе презентира со елементи на дискусија под името „Пантомимичар на патот: Патувањето со Бил Бауерс“.

Погледнете дел од претставата „It Goes Without Saying“.

 

 

 

Ќе ви се допадне