Се враќа ноќниот живот, рестораните и кафулињата ќе работат по старо работно време

Министерот за економија, Крешник Бектеши, објави дека Владата донела одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти „до полноќ во работните денови и до 1 часот по полноќ за време на викендот“. Тој ова го напиша на својот Фејсбук.

Новото, односно целосно работно време на угостителските објекти ќе стапи на сила кога одлуката ќе биде објавена во Службен весник, неофицијално од понеделник.

Во моментов угостителските објекти работат до 22 часот, со посебни протоколи за сместување на гостите, растојание меѓу масите, начин на служење на храната и пијалаците и задолжително носење маски и заштита на луѓето кои се вработени во кафулињата и рестораните..

Scroll to Top