Се врати да ги спасува децата кои гореа во пожарот, не успеа да се спаси себеси

37-годишната професорка по странски јазици Татјана Дарсалија дошла во трговскиот центар во Кемерово, Русија, со својата 14-годишна ќерка Елеонора. Кога слушнале дека има пожар, мајката и ќерката брзо истрчале надвор од зградата. Кога мајката била сигурна дека нејзината ќерка е на безбедно, ѝ рекла да ја чека таму и се вратила внатре.

Професорката успеала да им ги спаси животите на неколку деца, но никогаш не се вратила кај својата ќерка. Таа изгоре во пожарот. Во средното училиште каде што работела како професорка ѝ поставилеа импровизиран споменик, каде што луѓето секој ден носат цвеќиња и палат свеќи.

Scroll to Top