Себастијан Курц стана татко: Со нетрпение го чекаме нашиот прв Божик со синот

Поранешниот канцелар на Австрија и лидерот на Народната партија (ОВП), Себастијан Курц, стана татко. Тој на Фејсбук откри дека неговата девојка Сузана утринава родила син.

„Пресреќни сме и благодарни. Сузана и бебето се добри и со нетрпение ги очекуваме убавите заеднички задачи и нашиот прв Божик во тројка. Му благодариме на медицинскиот персонал во болницата за срдечната грижа”, напиша Курц.

Курц во моментов е шеф на пратеничкиот клуб на ОВП во парламентот, откако минатиот месец поднесе оставка од функцијата канцелар на владата, по истрагата што против него ја отвори Обвинителството за економски криминал и корупција. Неодамна му беше укинат и пратеничкиот имунитет.

Scroll to Top