Седењето на ВЦ-школката под агол од 90 степени воопшто не е природно

Луѓето според својата анатомија се предодредени за чучнување и на тој начин да вршат голема нужда.

Чучнувањето ги опушта мускулите, па така на телото му е потребен помал труд и напрегање, а и помалку време да ја изврши нуждата, објаснуваат научниците.

Многуте истражувања покажале дека цревата многу поефективно се празнат кога сме во позиција на чучнување. Дебелото црево, едноставно, не може да се отвори како што треба во седечка и во позиција кога се стои. Нуждата во положба на чучнување, кога нозете се наоѓаат под агол од 35 степени, е далеку поприродна за разлика од онаа што ја вршиме во седечка позиција.

Околу 1,2 милијарда луѓе во светот чучнуваат додека извршуваат голема нужда и тие речиси и да немаат никакви симптоми на дивертикулоза ниту, пак, имаат проблем со празнењето на цревата. Ние на Западот многу го грчиме стомакот додека товарот не излезе“, вели Џулија Ендрес, научник од Германија и експерт за перисталтика.

Нејзината прва книга „Шармантни црева“ е продадена во Германија во повеќе од 200 примероци, а нејзиниот дијаграм и упатство за тоа како треба да вршиме голема нужда ги воодушеви читателите.

Исфрлањето тврда столица додека седиме на шолјата може да биде од помош, но не доволно. Нашето тело се навикнало на чучење илјадници години затоа што сепак тоа е единствената правилна положба за празнење на цревата.

Цревата имаат комплексна микрофлора и во случај сѐ да е во ред, односот на бактериите би требало да биде во рамнотежа. Неправилната положба во текот на извршувањето на нуждата може да ја наруши таа рамнотежа, што може да доведе до разни проблеми со цревата“, порача Ајеша Акбар, гастроентеролог од Лондон.

 

 

 

Scroll to Top