Седум најрадиоактивни места во светот

На 26 април 1986 година се случи една од најголемите нуклеарни катастрофи во светот, во Чернобил. Чернобил стана синоним за пустошот што радиоактивноста го остава зад себе. Тоа не е најрадиоактивно место во светот. Најрадиоактивен е Рамсар во Иран.

Рамсар, Иран

Рамсар, град во покраината Мазандаран во Иран, е место со најголема радиоактивност во светот. Некои студии спроведени во Иран покажале дека кај локалното население постои голема хромозомска абнормалност, но има и голем степен на женска неплодност. Во овој град има 1800 жители, па според светската здравствена организација, тие се мал примерок за издржани научни заклучоци.

Гојанија, Бразил

Во 1987 година двајца крадци во потрага по метали ја ограбиле напуштената болница во Гојанија, главниот град на бразилската држава Гојаз. Тие пронашле мала капсула со високорадиоактивен материјал кој се користел во опремата за радиотерапија. Многу жители на местото го допирале овој материјал привлечени од неговиот син сјај. Неколку градски блокоив биле контаминирани, па морало да бидат уништени. Иако животот главно се вратил во нормала, некои места останале контаминирани.

Мајлу-Су, Киргистан

Во рударското гратче на југот на Киргистан од 1946 до 1967 година се експлоатирала и се обработувала ураниумова руда, па подрачјето и денес е контаминирано. Поголемиот дел од отпадот била закопан по должина на реката која минува низ градот. Еден извештај од 2010 година покажува дека градот треба итно да се исчисти поради високиот процент на заболени од рак и ослабен имунитет на локалното население. Многумина веќе го напуштиле градот, ама во него и денес живеат околу 20.000 жители.

Селафилд, Велика Британија

Селафилд е локација за уништување нуклеарен отпад во Велика Британија. Тука доаѓа најголем дел од радиоактивниот отпад од 15 оперативни британски нуклеарни реактори. Отпадот се чува во огромен подземен бункер, а до него пристап имаат само роботи.

Ханфорд, САД

Тука се произведувале делови за атомски бомби во текот на Студената војна. Иако најголемиот дел од ова оружје никогаш не било користенo, самото производство направило огромни штети по околината. Некогаш на тоа место се произведувал плутониум за проектот „Менхетн“, а денес таму се складирани околу 65% од американскиот нуклеарен отпад.

Чернобил, Украина

Во 19 и 20 век овој град бил важен трговски и индустриски центар на патот помеѓу Балтичкото и Црното Море. Тука живееле околу 14.000 жители. Денес градот е познат по нуклеарната несреќа од 26 април 1986 година поради која жителите на градот и околината го напуштија целото подрачје. Чернобил денес е ненаселен, под редовен надзор на украинските државни служби. На неколку километри од електраната во Чернобил се наоѓа болницата Припјат во која биле однесени првите пожарникари кои дошле во Чернобил веднаш по несреќата во 1986 година. Оваа болница и понатаму содржи високи нивоа на радијација. Контаминиран бил и целиот град, па затоа по несреќата сите жители биле евакуирани. До денес и ова е напуштен град.

Фукушима, Јапонија

Катастрофата во Фукушима во 2011 година остави сериозни последици врз погоденото подрачје. Веднаш по несреќата е евакуирано населението во радиус од 20 километри. Се очекува постапката на чистење на подрачјето да трае четири децении, а трошоците да достигнат 188 милијарди долари.

Scroll to Top