Сеф во кој се чуваат семињата од сите култури во случај на апокалипса

На Арктикот, поточно во арктичкиот архипелаг Свалбард, регион што се наоѓа меѓу Норвешка и Северниот Пол, се чуваат големи количини семиња во случај на апокалипса, природни катастрофи или војни. Овој трезор е направен со цел да се спасат колку е можно повеќе билни видови од нашата планета.

Во трезорот на истоимениот остров, кој се наоѓа на половина пат меѓу норвешкото копно и Северниот Пол, се чуваат семиња од сите земји во светот на температура од – 18 Целзиусови степени. Тие може да опстанат стотина години.

На 19 јуни 2006 година почнала изградбата на овој објект. Есента 2007 година пуштен е во функција.

Свеченото отворање било на 26 февруари 2008 година во присуство на меѓународни претставници. До 4,5 милиони примероци од семињата би требало да бидат засадени во бункерот.

Влезот на овој сеф е направен од бетон со специфичен украс на врвот, а до местото на кое се чува семето се доаѓа низ тунел долг 120 метри.

Сефот крие 837.931 примероци од семиња што се складираат на температура од -18 Целзиусови степени.

„Засолништето е направено за човештвото да може да преживее. Тоа е свето место на кое многумина застануваат и добро размислуваат“, вели Мајкл Кох, еден од лицата задолжени за одржување и функционирање на овој објект.

Семето што тука се чува доаѓа од сите краеви на светот, па дури и од Северна Кореја.

Видете како изгледа овој сеф и што сѐ во него се чува:

Scroll to Top