Секоја година 43 килограми злато завршуваат во канализација

By

Минатата година швајцарски истражувачи открија три тони сребро и 43 килограми злато во отпад од постојка за преработка на вода. Вкупната вредност на благородниот метал е поголема од три милиони долари.

dobivaj vesti na viber

Пред луѓето да почнат да бараат накит во цевките треба да знаат дека експертите кои учествувале во истражувањето велат дека златото и среброто се пронајдени во ситните честички кои потекнуваат од хемиската и фармацевтската индустрија и производството на часовници.

„Слушате приказни за бесни мажи или жени како го фрлаат накитот во веце школката, но, за жал, не пронајдовме никаков прстен“, објаснува еден од учесниците во истражувањето, Бас Вријенс, додавајќи дека честичките злато и сребро во канализацијата се мерат во микрограми, но кога ќе се собере сè се доаѓа до значителни бројки.

Сега се испитува дали се исплати да се извлече металот од канализацијата, но засега не изгледа дека процесот би бил профитабилен.

Поголема количина злато во канализацијата е пронајдена во западниот швајцарски регион Јура, каде што е развиена индустријата на изработка на часовници.

 

 

 

Ќе ви се допадне