Секс-куклите можат да го претворат човекот во зомби

Машините за секс секогаш ќе бидат достапни и тоа луѓето ќе ги претвори во зомби, тврди Ноел Шарки.

Појавата на секс-роботите е опасна затоа што ги прави сексуалните односи премногу лесни, нешто што засекогаш ќе го промени човештвото. Тоа го тврди научникот Ноел Шарки, член на Фондацијата за одговорна роботика, во својот документарец „Сексот, роботите и ние“.

„Ги правиме тие работи со машините само затоа што можеме и не размислуваме дека тоа целосно ќе го промени човештвото. Сексот дури ќе стане премногу достапен затоа што секс-роботите ќе ни бидат секогаш достапни. Но, тоа ќе ја уништи смислата на нашите животи и ќе нè претвори во зомби“, вели Шарки.

Тој вели дека проблемот е во тоа што роботите во облик на деца, наменети за педофилите, ќе доведат до тоа да не се знае повеќе кои се границите на прифатливото однесување.

„Не е повеќе спорно дали секс-роботите постојат и дали многумина ќе развијат врска со нив. Тие машини ќе бидат прилагодени на човечките желби и потреби и ќе ги исполнуваат желбите кои живите партнери не би можеле. Многу луѓе ќе откријат дека нивните искуства со технологијата се интегрален дел од нивниот сексуален идентитет, па за многумина од нив, сексуалните односи со роботите ќе им бидат подраги отколку со луѓето“, вели научникот доктор Нил Мекартур, професор на Универзитетот „Манитоба“.

Бордели со секс-роботи веќе постојат во Германија и Австрија, а на еден австриски саем на крајот на 2017 година мажи се изживувале над изложените секс-роботи. Оваа тема е дел од многу научнофантастични дела како „Истребувачи“, „Западниот свет“, „Луѓето“…

Scroll to Top