Селфи во кавадаречко лозје од 1928 година

Селфи-фотографија од кавадаречко лозје од 1928 година е дел од колекцијата за Кавадарци низ стари фотографии.

– Ова е дел од колекцијата за Кавадарци низ стари фотографии. На црно-белата фотографија се жени берачи на грозје во лозјето на Шкартови. Фотографијата ја направил фотографот Илија Шкартов, кој и самиот е на фотката со помош на самослик. Фотографијата е од 1928 година – вели пензионираниот историчар Петре Камчевски, до неодамна директор на кавадаречкиот музеј.

Тој вели за МИА дека фотографијата како таква е и доказ за долгогодишната традиција на лозарството во најголемиот лозаро-винарски регион во Македонија, Тиквешкиот.

 

Scroll to Top