Село на Шар Планина каде Србите и муслиманите живеат во хармонија

Во височините на моќната Шар Планина живеат Срби и Албанци. Денеска тие го имаат истиот проблем и едните и другите, затоа што селото кое сите го заборавиле има само 70 куќи со 200 жители.

Ова село од своето постоење се памети како село од кое се заминувало, но и во кое луѓето се враќале. Во добрите времиња, селото го населувале Срби од Црна Гора, поконкретно од Никшиќ, Срби од Македонија, но и од разни делови на Косово.

Во емисијата „Траење“ на Жарко Јоксимовиќ се истакнува дека еден од најдрагоцените документи кои ја потврдува приказната за некогашното големо и богато село, се чува во црквата Свети Никола, изградена во турско време во 1457 година. Истата е срушено нешто во подоцнежниот период, а повторно е обновена веќе во 16 век.

Меѓу вредните икони и Царските врати за кои се тврди дека се пренесени од црквата Свети Петка во Горно Љубиње, се чува книгата Поменик, во која се запишани имињата на покојните мештани, но и на оние кои помогнале да се одржи ова свето место.

Во Поменикот и понатаму прецизно се забележани важните детали од историјата на селото и почниатите мештани, кои се почесто ги погребуваат далеку од селските гробишта и родниот крај. Се разликуваат податоцит за првите пишани споменати села. Тоа што не е спорно е фактот дека во Драјчиќ од секогаш заедно живееле Срби и муслимани и некои од муслиманите на направените пописи се изјаснувале како Албанци.

 

 

Бошњаците и малиот број на Срби, кои преостанале во селото ја потврдуваат приказната за хамоничниот живот на комшиите, кои низ историјата си помагале едни на други и заедно делеле и добро и зло.

Преостанатите Срби очајнички се обидуваат да го сочуваат колку е можно живеењето во ова село, со одбележувањето на верските празници по кои овие мештани се познати на далеку, па до ден денешен се актуелизира идејата ова место да се стави на листата на светско културно наследство.

 

Scroll to Top