Серијата „Дамски гамбит“ нема да добие втора сезона, фановите разочарани бараат нови епизоди

Хит-серијата „Дамски гамбит“, со Ања Тејлор Џој, нема да има втора сезона, соопштија продуцентите Скот Френк и Вилијам Холберг. Фановите не кријат дека се разочарани и најавија петиција со која ќе пробаат да го премислат „Нетфликс“ за сепак да сними уште барем една сезона од серијата.

„Ја раскажавме приказната што сакавме да ја раскажеме и стравувам дека ако се обидеме да кажеме нешто повеќе, ќе го уништиме она што веќе го кажавме. Приказната за шаховското чудо Бет Хармон го достигна својот природен крај и тоа е доволно“, рече Скот Френк.

Иако оваа вест не е изненадување со оглед на тоа како заврши серијата, фановите се надеваа на продолжение на приказната. Серијата неодамна освои единаесет награди „Еми“ вклучувајќи ја и наградата за најдобра драмска мини серија.

Серијата со наслов по шаховскиот потег „Дамски гамбит“ ја следи харизматичната генијалка која влегува во светот на шахот во кој доминираат мажите. Дејството се одвива во 60-тите години на минатиот век. Вработен во сиропиталиште го открива талентот на Бет и таа подоцна станува шаховско чудо.

Scroll to Top