Шеља Даиџиќ од Сараево е една од ретките девојки на која не ѝ е страв во јавноста да изјави дека против опасната мултиплекс склероза се изборила со масло од канабис. Иако во многу европски земји ваквата супстанција одамна е прогласена за легална, сепак во Босна и Херцеговина таа е забранета.
Првите симптоми се појавиле кога ѝ се замаглил видот, повремено и трпнеле раката и ногата. Сите мислеле дека станува збор за умор, прекувремена работа или пад на шеќерот.
„Имав силни главоболки, па кога посетив доктор, ми кажа дека боледувам од мултиплекс склероза“, вели Шеља.
За осум месеци примила 13 терапии, но ниту една не резултирала со подобрување. Имала страшни напади, а лекарите во болницата биле сведоци на страшните напади што ги доживеала.
По консултација со сопругот, таа се решила за маслото од канабис. На интернет открила неколку информации каде може да го најде и како треба правилно да го користи. Договориле да земе масло надвор од границите на Босна, иако тоа било премногу скапо. По првите капки, почувствувала мало подобрување.
По некое време од користењето, речиси 80 отсто од симптомите на болеста исчезнале.
„Секаде во светот луѓето со ваква дијагноза како мојата, без никакви проблеми, може да набават вакво масло. За жал, кај нас тоа е нелегално. Ние моравме да го набавиме на црниот пазар. Беше тешко, комплицирано и многу скапо. Самата набавка, превозот, ризикот што сето тоа го носи. Моравме да се соочиме со сето тоа“, вели таа.
Еден милилитар од ова масло на црниот пазар чини 30 евра, што значи дека за половина месец или еден месец најмалку, ќе ви се потребни 300 евра, иако сѐ зависи од лицето од кое го земаш. Колку тој зема и колку може да си дозволи“, вели оваа храбра Босанка.
Ваквото масло е богато со витамини, омега 3-киселини и витаминска поткрепа. Затоа е неопходно за заболените од карцином и мултиплекс склероза, како и за некои други болести од ваков тип.
Министерот за одбрана на БиХ, Драган Мектиќ, исто така пред неколку месеци потврди дека во тек се консултации со експертите за легализација на канабисот во медицинските цели, но не можел да каже кога тоа би можело да се случи.