Шкотланѓанец ја пропешачи Канада и собираше пари за обнова на шкотските шуми

Шкотланѓанецот Мајкл Јелоулис ја заврши својата прошетка низ Канада долга 8.000 километри, преку која собираше пари за обновување на шкотските шуми. Јелоулис ја заврши деветмесечната авантура на најисточната точка на Канада, ‘ртот Спир облечен во килт и придружуван од неговата хаска Луна.

Јелоулис (39) носел килт секој ден од своето патување. Тој и Луна во март тргнале од Тофино во Британска Колумбија, со идеја да ги поминат планините и прериите на втората најголема земја на светот. Тој се здружи со хуманитарната организација Trees For Life, во обид да се зачува и обнови древната Каледонска шума, која во минатото покривала најголем дел од Шкотска. Како резултат на повеќевековното претерано сечење, таа денес е сведена на само 35 поединечни делови.

„Ја избрав Канада за мојата авантура за да го доловам чувството на огромна дивина која сѐ уште постои во оваа земја. Се надевам дека ќе успееме да ги обновиме шкотските шуми кои се изгубени во изминатите векови“, кажа Јелоулис.

Scroll to Top