Шпанија ги зголеми даноците за богаташите

By

Шпанската влада денес го претсави предлог буџетот за 2021 година, со кој има намера да ги зголеми даноците за богаташите, а собраните средства да ги насочи на социјални давачки, за 47 милиони жители да може побезболно ја поминат кризата од коронавирусот.

Социјалистичкиот премиер Педро Санчез, заедно со коалицискиот партнер Пабло Иглесијас, најави зголемување на даноците за големите компании и поединци, чии годишни примања надминуваат 200.000 евра, како и за сите оние чии имоти вредат повеќе од 10 милиони евра.

Со оваа мерка ќе бидат опфатени и фудбалерите на познатите шпански клубови. Собраните средства левичарската влада има намера да ги пренасочи во малите и средните претпријатија, но и во туризмот, кој од март чувствува чести последици од кризата.

Државните трошоци за туризам требало да пораснат 150 %, баш како и за здравството, е наведено во предлог-буџетот. Санчез изјави дека целта е да ги намали ефектите од корона-кризата, да ја модернизира економијата и да ја засили државната благосостојба на луѓето.

Расходите на државниот буџет се проценети на 196,1 милијарди евра, во што се вклучени и 27 милијарди евра, кои би требало да дојдат од заедничкиот буџет на Европската Унија.

Предлог-буџетот на малцинската влада на Санчез допрва треба да се одобри во парламентот. Шпанија минатата година имала дефицит од 14,1 % БДП, податок на Меѓународниот монетарен фонд.

 

Ќе ви се допадне