Шри Ланка го покажа најголемиот син сафир на светот

Во Шри Ланка беше изложен најголемиот природен син сафир на светот. Тој тежи 310 килограми, а беше ископан пред три месеци.

„Колку што знаеме, ова е многу редок примерок, каков што не е забележан во геолошката литература“, соопшти Националната агенција за скапоцени камења, која претходно направи серија тестови на пет примероци земени од каменот.

По проценката на Кралицата на Азија, како што го нарекоа, каменот ќе биде ставен на продажба.

Шри Ланка важи за еден од водечките светски извозници на сафири и други скапоцени камења. Од тоа заработува и до половина милијарда долари годишно.

Scroll to Top