Руската интервенција во Сирија почнала на 30 септември во 2015 година, откако власта на сирискиот претседател Башар ал Асад официјално побарала помош од Руската федерација во борбата против терористичките групации кои сериозно го загрозуваат опстанокот на слободна и секуларна Сирија. Се смета дека Руската воена интервенција ја спасила Сириската војска од пораз, го стабилизирала фронтот но, исто така на големо допринела за протерувањето на терористите од поедини делови од Сирија. Многумина и денеска се прашуваат која е причината поради која Русите се одлучиле да се вмешаат во овој конфликт, а причините се бројни.
По влегувањето во војната, Русија веднаш почнала со воените дејства на положбите на сириските бунтовници и силите на таканаречената Исламска држава. Во првите неколку дена, бомбардирани се цели воглавно во северозападните и западните делови на Сирија, односно во провинциите Алепо, Илдиб и Хам, но исто така некое време ваквиот список со цели, се проширува.
РУСИЈА САКАЛА ДА ГИ ИЗМЕРИ СИЛИТЕ СО САД
Русија сакала да покаже дека и таа е глобална сила и дека кога се работи за конфликти од вакви размери и таа мора да се праша и да одлучува. Сакала да им покаже на САД дека таа може да и парира. Исто така сакала да им одржи лекција од минатото на Американците.
Доколку Кремљ молчеливо минал преку оваа воена агресија на САД, како што е соопштено, Америка би владеела со целото Средоземје, а Русија би изгубила еден голем сојузник во регионот.
ВОЕНИТЕ БАЗИ ВО СИРИЈА
Уште една причина за руската интервенција се и воените бази кои Русија ги има на територијата на Сирија. Посебно се издвојува воената база во Тартус, која претставува една руска база на Средоземјето, како и една воена прекуморска база останата од добата на СССР.
Со нападот на земјата во која се наоѓа една руска база на Средоземното море, тоа е директен напад на руските геостратешки интереси во регионот, како и напад на самата Русија.
Руската воена база во Хмејмим и Тартус остануваат во Сирија по решителноста за засилувањето на противтерористичките операции, како и нивен понатамошен развој. Со ова Русија сака да порача дека е доминантен играч и светска воена сила.
ПРОДАЖБАТА НА ВОЕНА ОПРЕМА
Сирискиот конфликт на некој начин ја погодува Русија затоа што има можност да продава голема количина на воена опрема во Сирија.