Швајцарец го смени полот за да добие пензија една година порано

Жител на Швајцарија реши да го промени полот за да може да добие пензија една година порано, благодарение на новиот закон кој стапи на сила на 1 јануари 2022 година. Со тоа што, на секој Швајцарец со „интимно убедување“ дека не припаѓа на полот за кој е регистриран во матичната книга, му е дозволена промена на полот и неговото име за само 75 швајцарски франци.

Односно, државните службеници „немаат обврска да ги проверуваат интимните убедувања на засегнатите лица“ и обично претпоставуваат дека дејствуваат со добра волја.

Во Швајцарија, жените можат законски да се пензионираат на 64 години, една година порано од мажите. Па еден постар маж, ја прифатил можноста порано да се пензионира и одлучил да го смени полот. Тој, наводно, се пофалил со своето достигнување, признавајќи дека тоа било мотивирано исклучиво од финансиски причини, а не затоа што всушност се претставувал како жена.

Откако веста се прошири на социјалните мрежи, луѓето почнаа да идентификуваат други недостатоци на законот, вклучително и можноста младите мажи да ја заобиколат задолжителната воена служба со законски менување на полот. Односно, дека можат да го променат полот на хартија на 17 години, а потоа повторно да бидат мажи.

Според швајцарскиот весник „Луцернер цајтунг“, ако некој сака да го искористи новиот закон за финансиска добивка, ќе му бидат потребни само четири дена.

Лани во ноември, Мишел Монтини од Федералната канцеларија за правда предупреди изрази загриженост за оваа можност. Тој предупреди дека „мажите би можеле да се декларираат како жени непосредно пред пензионирањето и да ја напуштат работата една година порано“.

 

Scroll to Top