Швајцарија ќе го забрани носењето бурка или никаб на јавни места

Швајцарија ќе го забрани носењето бурка или никаб на јавни места, кои ги носат муслиманките. Ваквата одлука ќе следи по успешниот референдум, кој се одржа во земјата. Официјалните  резултати покажаа дека за мерката гласале 51,2 отсто од гласачите, а против бил 48,8 отсто.

Предлогот за референдум беше на десничарската партија СВП, чијашто кампања беше со слоганот „Стоп за екстремизмот“.

Според истражувањето на Универзитетот Луцерн, речиси никој во Швајцарија не носи бурка, а околу 30 отсто од муслиманките носат никаб. Околу 5 отсто 8,6-те милиони жители на Швајцарија се муслимани, а најголем дел од нив се со потекло од Турција, Босна и Косово.

Претходно вакви забрани воведоа Франција, Белгија и Австрија.

Scroll to Top