Шведска се подготвува за војна

Шведската влада почнала да испраќа брошури на адресата на 4,8 милиони домаќинства со упатства во случај на војна. Ова е првпат по повеќе од половина век Швеѓаните да даваат конкретни упатства за тоа што треба да направат во случај на воена опасност.

Во брошурата на дваесетина страници во случај на криза или војна се наведуваат насоки за снабдување на доволно залихи на намирници, вода, огрев и знаци за узбуна и локации за засолнување во случај на бомбардирање.

Брошурата содржи погодни илустрации на воени авиони и семејствата кои бегаат од своите домови. Граѓаните исто така се предупредени од опасност од терористички и сајбер-напади и климатски промени, вклучувајќи и дел од тоа како да ги препознаат лажните вести.

„Иако Шведска е безбедна од голем број земји, сè уште постои закана за нашата безбедност и независност“, пишува во брошурата.

„Ако сте подготвени, дајте го својот придонес за подобрување на подготвеноста на земјата да се соочи со големите закани“, се додава во истата.

Слични брошури се доделувани на граѓаните на Шведска во 1943 година во екот на Втората светска војна (каде Шведска беше неутрална) и во 1961 година за време на Студената војна.

„Општеството е ранливо и мораме да се подготвиме како поединци“, изјавил Ден Елиасон од Националната агенција за вонредни ситуаци, која ја објавила брошурата.

Сето ова следело по интензивната јавна расправа за националната безбедност и можноста Шведска да се приклучи во НАТО-сојузот, дополнителното зајакнување на Крим по руската анексија во 2014 година и неодамнешниот инцидент кога руските авиони и подморници без дозвола влегле во воздушниот простор, односно територијалните води.

Исто така Шведска одлучила да ја отповика одлуката за намалување на средствата за војска, а исто така беше одржана и најголемата воена вежба во последните 25 години. Покрената е расправа за повторно воведување на обврзувачки воен рок.

Што се однесува до конкретните совети, во брошурата и понатаму се даваат инструкции како луѓето да се снајдат во услови без храна, вода и греење, без банкомати, мобилни и интернет. Граѓаните се советуваат на пример да подготват залихи за плитка вода, топла облека, вреќи за спиење и храна во конзерви.

Во случај на вооружен конфликт, пишува во брошурата, сите меѓу 16 и 70 години се должни да дадат придонес во одбраната на земјата, а се предупредува дека можат да бидат мобилизирани во случај на непосредна воена опасност или само војна. Инаку, Шведска повеќе од 200 години не војувала со други земји.

Scroll to Top