Швеѓаните имаат решение како бесплатно да ја загреете куќата

Познато е дека Швеѓаните се еколошки и технички напредна нација. Нивниот најнов технолошки проект ги изненади сите и секако дека е голема иновација во технологијата на животната средина.

Имено во еден дел на Стокхолм, поточно во населбата Скарпнак, се гради голема база на податоци. Сите оние кои имаат компјутери знаат колку многу се загреваат, но сигурно уште на никого не му паднало на памет дека таа енергија би можела да се искористи за греење на куќата.

Швеѓаните се сетиле токму на ова и дошле до идеја да ја искористат токму таа инаку бескорисна енергија. Со топлинска енергија на компјутери ќе загреваат околу 30.000 домаќинства.

Целиот проект е воден од страна на компанијата Фортум, а според нивните предвидувања во иднина, компјутерите би можеле да загреваат и повеќе од 10 отсто од куќите и зградите. Од оваа причина, градското собрание во Стокхолм одлучи да се отворат уште компјутерски центри.

Главниот град на државата чиј слоган е “во чекор со времето”, со ова ќе стане уште повеќе еколошки напреден.

Scroll to Top