Швеѓаните најмногу користат интернет

By

Интернетот во 2019 година го користат 87% од граѓаните на Европската Унија. Го користат лица на возраст од 16 и 74 години. Најмногу на интернет седат Швеѓаните, дури 98%, а најмалку во Бугарија 68%, објави „Еуростат“.

Граѓаните на Европската Унија интернетот најмногу го користат за сервиси на електронска пошта, следат информации за робата и услугите, испраќаат кратки пораки, читаат онлајн весници и магазини, а секој петти корисник преку интернет продава стока и услуги.

57% од жителите во Европа интернетот го користат за социјални мрежи, а потоа следува пребарувањето на сајтови за здравје, слушање музика, телефонирање или активирање на видеоповици.

Најмалку заинтересирани има за онлајн учење. Секој четврт корисник во ЕУ го користи интернетот за читање, додека 30% од мрежата споделуваат содржини, кои самите ги имаат креирано.

Употребата на интернет во ЕУ рапидно пораснала од 2007 година, кога го користеле 57% од граѓаните и 2013 година, кога три четвртини од жителите на ЕУ почнале да користат интернет.

 

 

Ќе ви се допадне