„Си-ен-ен“ го отпушти водителот кој му помагал на брат му во обвиненијата за сексуално вознемирување

„Си-ен-ен“ го отпуштија водителот Крис Куомo, затоа што му помогнал на неговиот брат, поранешниот гувернер на Њујорк, Ендрју Куомо, во соочувањето со обвиненијата за сексуално вознемирување.

Државниот обвинител Летиција Џејмс ги покажала пораките во кои Кирс се обидел да искористи сопствените извори во медиумите, со цел да дознае повеќе информации за случајот во кој неговиот брат бил обвинет од неколку жени за сексуално вознемирување.

Како што пренесува „Ројтерс“, во новинарството, користењето на сопствената позиција за заговарање на некаков личен бенефит или спроведување сопствена истрага од лични причини, се смета за кршење на етиката.

Популарниот водител им вршел притисок на изворите кои биле поврзани со жртвите, а потоа ги известувал соработниците на брат му и активно му помагал во изготвувањето на одбраната.

„Ова не е начин на кој сакав да заврши мојата кариера во „Си-ен-ен“. Но, веќе кажав зошто и како сум му помогнал на брат ми“, напиша Крис на „Твитер“.

 

Scroll to Top