Си ги угушила ќерките за да може да се проституира

Британката Луиз Портон е прогласена за виновна за убиство на своите две ќерки. Таа ги угушила своите ќерки, 3 годишната Лекси Драпер и 16 месечната Скарлет Ваугхан, затоа што и сметале во работата. Луиз работела како ескорт, работа која ја извршувала покрај манекенството, пишува „Дејли Мејл“.

Во судот се пуштени и снмки кои ги покажуваат последните моменти од животот на двете девојчиња, пред Луиз да ги убие. На една од снимките се гледа како Портон застанува на бензиска пумпа, иако Скарлет умирала на задното седиште од автомобилот. На втората снимка се гледа како таа и децата влегуваат во зграда, неколку часа пред Лекси да биде најдена мртва. Забележан е и итниот повик на бројот 999 во кој Портон на операторот и кажала дека нејзината ќерка престанала да дише.

„Срцето ни се скрши кога дознавме дека ја загубивме Лекси, а потоа беше уште полошо кога слушнавме и за Скарлет“, изјавил таткото на двете девојчиња.

„Работата е уште потажна што Лекси ја познавав многу малку, а Скарлет никогаш не ја ни запознав. Ќе ми недостигаат многу. Ќе ми недостигаат моментите кои ги поминав со една од нив. Нивното заминување не ги погоди само сите во семејството, туку и сите кои беа дел од нивниот живот. Единствена утеха ни е што знаеме дека се заедно“, дополнил таткото.

Портон тврдела дека девојчињата починале од природна смрт, но по веста за нивната смрт, реагирала без преголеми емоции. И на прогасувањето дека е виновна, таа реагирала ладно, пишуваат медиумите.

Поротата утврдила дека еден ден откако Лекси починала, Портон примила 41 барање за состанок преку интернет и дека на смртта на Скарлет исто така реагирала мирно и без емоции. Таа заработувала за живот давајќи сексуални услуги на мажи кои ја запознале на интернет, испраќајки им свои жешки фотографии и видео снимки.

Додека Лекси лежела болна во болница, Портон на интернет објавила фотографии во топлес и нудела сексуални услуги на мажи кои ги запознала онлајн. Портон ја загушила Лекси на 15. јануари, а потоа е забележано како се смеела на погребот, два дена пред да ја убие и Скарлет на 1. февруари.

Поротата потврдила дека на мобилниот телефон биле откриени чудни пребарувања, како што е „колку е потребно мртво тело целосно да се олади?“, и „пет чудни работи кои се случуваат кога ќе умрете“.

Двете девојчиња ги имале истите симптоми од намерно спречување да дишат, а Скарлет дури и крварела од вратот.

„Лекарите не можеле да пронајдат ништо што би упатило на природна смрт кај девојчињата“, изјавил обвинителот.

Лекси била во болница два дена пред да се случи смртта, но лекарите само и препишале антибиотици и ја испратиле дома. Додека ќерка ѝ била во болница, Портон во тоалетот се сликала топлес.

 

Истиот ден било забележано дека на нет пребарувала, „дали може да се умре со запушен нос и залепена уста?“ и колку време е потребно за да се оживее по давењето во вода?“.

Судот утврдил дека Лекси била мртва кога Портон се јавила на итната помош, а снимката од бензиската пумпа покажува дека стоела да наполни бензин, додека ја возела Скарлет во болница. Лекарите потврдиле дека Скарлет во болница стигнала во безживотна состојба.

На првиот ден од судењето е утврдено дека од 2016 година до 2017 година, за децата повеќе грижа водела газдарицата на станот во кој живееле, додека Портон истовремено имала други обврски и правела сè, само за да не мора да биде со нив.

Судот утврдил дека Портон ги убила своите две ќерки, затоа што биле пречка во работата која ја имала. Таа на судењето изјавила дека ќерките никогаш не ѝ сметале и дека нејзиниот живот го прилагодувала на нив.

„Сеуште не знам како умреа“, изјавила Портон пред судот.

 

 

Scroll to Top