Осумдесетгодишен старец од Франција, за да се ослободи од досадните муви, не сакајќи си ја запалил куќата. Додека си легнувал, го зел електричниот рекет за инсекти и почнал да удира по нив, несвесен дека во куќата му протекува гас.
Електричниот рекет предизвикал експлозија. Кујната и делумно кровот на неговата куќа целосно му биле уништени.
Како што пренесуваат локалните медиуми, за среќа старецот од француското село Парк Шен успеал да побегне на време од куќата и заработил само помали изгореници на рацете.