Силен ветер и дожд беснееја во Штип – циклонот доаѓа и во Скопје

Во западните делови од државата утринава и во текот на ноќта имаше слаби локални врнежи од дожд и дуваше слаб до умерен југоисточен ветер.

Во Штип ветерот дуваше со брзина од 45 километри на час.

Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет во западните и југозападните делови. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер.

Во текот на ноќта, почнувајќи од западните делови, врнежите ќе се интензивираат и ќе се прошират и кон исток. Ќе дува умерен, на места повремено засилен југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 17 степени.

 

Scroll to Top