Силвио Берлускони повторно во болница

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (84) од понеделникот се наоѓа во болница и во наредниот период нема да присуствува на јавни настани.

Ова го велат добро упатени извори блиски до поранешниот италијански премиер. Засега не е позната причината зошто медиумскиот тајкун е хоспитализиран, но еден од изворите тврди дека не е нешто сериозно.

Берлускони затоа што беше хоспитализиран, не пристигнал на рочиште во судот во Милано, во врска со судски процес во кој тој е вмешан, пренесуваат италијанските медиуми.

Ова не е првпат Берлускони годинава да заврши во болница. Во февруари тој паднал во својот дом во Рим, по што се здобил со неколку модринки. Во јануари поради срцеви проблеми бил хоспитализиран во болница во Монако.

Scroll to Top