Сите сонуваат за ова место, тука воздухот е најчист

By

Научниците веруваат дека го откриле единственото место на светот каде е воздухот е целосно чист. На Јужниот океан, кој го опкружува Антарктикот, воздухот не е загаден поради тоа што на ова место нема никакви човечки активности. Ова е прва студија од ваков вид, која го истражувала составот на биоаеросолот на Јужниот океан.

Студијата е направена од група на научници од Универзитетот во Колорадо. Тие успеале да го идентификуваат атмосферскиот регион, кој е недопрен од никаква човечка активност и влијание.

Времето и климата се многу блиску поврзани и се поврзуваат со регионите ширум светот. Поради забрзаната појава на климатските промени, кои се настанати од човечкиот фактор, научниците одлучиле да се обидат да најдат дел од земјата кој е најмалку погоден од штетните влијанија.

Професорката Соња Крајденвејис и нејзиниот тим се сомневале дека воздухот над Јужниот океан е најмалку погоден со прашина од континентот. Тие откриле дека граничниот слој на воздухот, кој се храни со најниските облаци, е без никаков аеросол со честици кои ги произведуваат луѓето.

Немало честички ниту од фосилно гориво, посеви, пестициди, ниту пак од отпадните води. До загадувањето доаѓа кога аеросолтта, цврстите честички и гаста, ќе завршат во воздухот.

Истражувачите заклучиле дека Антарктикот е изолиран од ширењето на микроорганизмите од јужните земји.

„Се чини дека Јужниот океан е едно од ретките места на Земјата, кој е најмалку погоден од човечките активности“, изјавил коавторот на студијата Томас Хил.

Тие земале примероци од воздухот од делот на атмосферата кој е директно поврзан и е во контакт со океанот и тоа додека патувале низ ова подрачје од Австралија. Го прегледале состаот на микроби и заклучиле дека микробите во тие примероци, потекнуваат од океанот.

Според бактерискиот состав на микробите, тие заклучиле дека аеросолот, од оддалечените земји и од човековите активности, како и од загадувањето, не успеал да стигне до југот.

Во студијата стои дека воздухот во тоа подрачје е прастар. Загадувањето е голема глобална криза која убива седум милиони луѓе годишно. Според податоците на СЗО, го зголемува и ризикот на заболувања на срцето, мозочниот удар и добивањето на рак на белите дробови.

Повеќе од 80% од луѓето од урбаните подрчаја, како и од земјите со среден природен раст, патат од проблемите предизвикани од слабиот квалитет на воздухот.

Сепак, студијата покажува дека загадувањето може да ги премине географските граници и да влијае на луѓето иако тие се оддалечени и стотина километри од загаденото место.

 

 

Ќе ви се допадне