Скандал во авиокомпанија – пилотите тајно ги снимале стјуардесите за време на секс

By

Германската компанија „Кондор“ ја тресе секс-скандал. Во германските медиуми објавено е дека пилотите на „Кондор“ тајно ги снимале стјуардесите додека имале секс во авионот, но и надвор од работното место.

dobivaj vesti na viber

Пилотите наводно меѓусебно почнале да се фалат со експлицитните фотографии и видеозаписи од своите колешки. Службите за информирање на компаниите на „Кондор“ уште во јуни предупредија на дистрибуцијата на тајните видеоснимки.

„Очигледно е дека некои пилоти тајно ги фотографирале и снимале женските членови на екипажот. Во материјалот може да се забележат жртвите во експлицитни сексуални активности“, ги цитира деталите од случајот германскиот „Фокус“.

Одделот за информирање на „Кондор“ додаде дека компромитирачките снимки биле дистрибуирани без согласност на стјуардесите и ги предупреди снимателите на правните последици, а тоа е казна затвор од две години.

Сепак, од компанијата во Франкфурт порачаа дека сѐ уште немаат докази за поведување какви било судски спорови, односно дека имаат основано сомневање за кое ги известиле и вработените.

Извор близок до „Кондор“ изјави дека стјуардесите се плашеле од реакцијата на јавноста ако одат во полиција, па случајот внимателно го пријавиле кај челниците на компанијата.

Ќе ви се допадне