Скандал во Брисел, на геј-оргии уапсен пратеник од ЕП и близок соработник на Орбан

Еден од основачите на унгарската владејачка партија Фидес, Јозеф Саер, кој во неделеата изненадувачки поднесе оставка од местото пратеник во Европскиот парламент, потврдил дека учествувал на геј-забава за време на полицискиот час во Брисел.

Саер изјавил дека ги прекршил мерките во Белгија против пандемијата на коронавирусот и им се извинил на семејството, колегите и на неговите гласачи.

Дваесет луѓе, вклучувајќи го и него и засега непознати диплмати, парично се казнети кога во петокот вечерта учествувале на приватна забава на која имало секс, дрога и алкохол.

Саер е еден од најблиските соработници на конзервативниот унгарски премиер Виктор Орбан. Бил член на комисијата што го подготвувала нацртот на новиот устав од 2012 година, во кој стои дека Унгарија мора бракот да го штити како заедница меѓу маж и жена.

На крајот на 1990 година тој студирал на „Оксфорд“ како стипендист на Фондацијата „Џорџ Сорос“, а кого Орбан и Фидес го обвинија за нарушување на традиционалните вредности на унгарското општество.

Според пишувањата на белгиските медиуми, спорнзата забава се случила во време на полицискиот час, кој од 22 часот до шест часот изутрина е во сила во Брисел.

Забавата била организирана на првиот кат од зградата над еден геј-бар – Le Detour, во самиот центар на Брисел, непосредно кај градското собрание.

Во акцијата биле уапсени 25 лица. Имало многу алкохол, дрога и групен секс, пренесуваат медиумите. Кога полицијата упаднала, повеќе луѓе биле голи, а еден маж се обидел да побегне и во исто време се повредил.

Подоцна е утврдено дека станува збор за пратеникот од Европскиот парламент, кој се повикал на пратеничкиот имунитет. Сите што биле затечени на забавата биле казнети со глоба и ослободени.

 

 

 

Scroll to Top