Скијачот Давид Паизон трагично го загуби животот

Францускиот скијач Давид Паизон (35) починал од повредите со кои се здобил по падот на спуст тренингот во канадскиот ски центар Накиска, соопшти националниот Сојуз.

Најголемите успеси во кариерата Паизон ги постигна на СП во 2013 година во Шладминг кога го освои сребрениот медал во спуст, а во истата дисциплина две години подцна на СП во Санта Катерина го освои бронзениот медал.

Најголемиот успех му беше четвртото место на најпрестижната спуст трка во австриски Кицбил во 2013 година.

Scroll to Top