Скопје ќе се кандидира за европска престолнина на културата

By

Скопје ќе се кандидира за европска престолнина на културата. Предлог-одлуката беше изгласана на седницата на Град Скопје.

Кандидатурата ќе ја води тим составен од експерти од полето на културата. До крајот на 2022 година ќе се знае дали Скопје ќе биде дел од градовите што ќе бидат избрани во вториот круг.

„Европска престолнина на културата“ е програма на Европската комисија почната во 1985 година. Во периодот од 1985 до 2021 година оваа титула им е доделена на 60-ина града од 30 земји од Европа, меѓу кои повеќе се градови од Југоисточна Европа, а од 2021 и на градови од земји кандидатки за Европската Унија.

Програмата има цел да ги нагласи богатството и разновидноста на културите во Европа, да ги празнува културните карактеристики што европските граѓани ги споделуваат, исто така има цел да го зголеми чувството на припадност на европските граѓани кон една заедничка културна област и да го поттикне придонесот на културата во развојот на градовите.

 

Ќе ви се допадне

AnimeFLV Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Kimi wa Kanata Episode Preview

AnimeDao: Steel Angel Kurumi anime episode 24 online free at https://animedao.nl animedao one piece

KissAnime Watch anime online, English anime online HD

Castingcall: https://www.castingcall.club/m/animefreakws

Producthunt: https://www.producthunt.com/@kissanimemx