Скопската зоолошка добива авантура-парк за деца

Скопје ЗОО ќе добие авантуристички адреналински парк. Авантура-паркот е донација од Агенцијата за млади и спорт, со цел рекреација, спортување и забава за деца од 5 до 12 години.

Овој парк ќе биде по теркот на познатите европски авантуристички паркови за најмладите и ќе се простира на површина од 2000 м2, со безбедни реквизити за користење.

Наскоро почнуваат подготовките во ботаничката градина на Скопје ЗОО, а користењето на авантура-паркот ќе биде бесплатно за сите деца.

Scroll to Top