„Скопски евергрини“ на Бела ноќ во Скопје

Бела ноќ по 16-ти пат се одржа синоќа во Скопје. Централниот настан се случи пред спортската сала Борис Трајковски каде се одржа концерт на „Скопските евергрини“.

Најпознатите скопски хитови беа изведени од најголемите македонски музички ѕвезди, Влатко Стефановски, Тамара Тодевска, Јаков Дренковски, Дарио и други во придружба на Баги Биг Бендот, под диригентската палка на Љупчо Мирковски.

Вкупно на десет локации беа одржани 23 настани мултимедијални проекти, ликовни изложби, тетатарски претстави, филмски проекции.

Поради почитување на мерките и препораките на Министерството за здравство и Град Скопје за заштита од пандемијата на корона вирусот, настаните од Бела ноќ почнаа од 19 часот и траеја до 24 часот. Работното време на локалите не беше продолжено по 24 часот, нешто што беше вообичаено за минатите Бели ноќи.

 

 

Scroll to Top