„Славен сум поради грубиот секс“ – Роко ја отвори душата, и откри зошто престана да глуми

„Поради мојот груб стил го стекнав мојот углед „уништувач на жени“, затоа што ги туркам до крајни сексуални граници“, изјави некогашниот порно актер.

Ѕвездата од филмовите за возрасни Роко Сифреди, во интервјуто за „The Daily Beast“, отворено проговори за својот живот и изнесе бројни детали кои многумина не ги знаеле. Популарниот италијански пастув“, откри зошто престана да глуми во порничките, како и за тоа дека бил зависник од секс.

„Го гледав филмот „Срам“, моќен филм на Стив Меквин, кој го прикажува животот на секс завниск кој се бори со своите демони на Менхетен. Имав ноќни мори од тој филм. Главниот лик во него мина низ токму она што јас минував. Баш низ сето тоа“, изјави Роко и објасни зошто ја напушти порно индустријата.

„Одлучив да престанам со порнографијата во 2004 година, во добата од 40 години, кога мојот син дојде во добата во која почнуваат разговори со другите деца „а што работи твојот татко?“. Кога одлучив да се занимавам со порничките, си реков самиот на себе, „сето тоа е во ред, но без семејство. Сепак добив деца и почнаа да растат. Не сакав да видат, па помислив дека е подобро да престанам да се занимавам пред да пораснат премногу“, искрен беше Роко.

Сифреди потоа објасни како изгледа неговата зависност од сексот.

„Еден ден си играв со синот и само почувствувам неиздржлива потреба… Па би заминал. Би исчезнал на неколку часа, неколку дена, би го пребарал интернетот за секс. Почнав да се гледам со проститутки секој ден. Не ми беше важно ништо, не бирав, од трансексуалец до постари жени. Не сватив дека сум зависник од секс“, наведи тој.

Славниот порно актер потоа откри кога сватил дека целосно ја изгубил контролата.

„Како во филмот „Срам“, тоа беше хомосексуално искуство. Бев во сауна во Фиренца, а еден маж кој воопшто не го познавам ми го … Тоа беше дно. Јас не сум хомосексуалец, но со оглед на тоа дека мојот мозок е тотално с***ан, ќе направев било што само да дојдам до задоволство, до слатко олеснување“, изјави Сифреди.

Тој раскажа дека е препознатлив по грубиот секс.

„Поради мојот груб секс, стегнав углед на „уништувач на жени“, затоа што ги туркав до крајни сексуални граници. Во документарецот „Роко“, актерките добивале ден-два одмор, по сцените за да се опорават. Таа репутација знаеше да ми донесе и проблеми во минатот, имаше девојки кои не сакаа да работат со предрасуди, а откако ќе работевме заедно задолжително ми велеа дека биле изненадени што сум фин и добар“, наведе тој.

Да потсетиме, Роко престана да глуми во филмовите за возрасни во 2015 година, а денеска е режисер и продуцент.

 

(Telegraf.rs/The Daily Beast/Express.hr)

Scroll to Top