Слика насликана од Черчил продадена за повеќе од 8 милиони евра

Најпознатата слика на платно насликана од поранешниот британски премиер Винстон Черчил е продадена на аукција во Лондон за седум милиони фунти (8,1 милиони евра), објави аукциската куќа „Кристи“.

Делото „Кулата на џамијата Кутубија“ (1943), кое Черчил го насликал при посетта на Мароко за време на Втората светска војна, се проценувало помеѓу 1,7 и 2,8 милиона евра пред продажбата.

Маслото на платно, што го понуди американската актерка Анџелина Џоли на продажба, се смета за најважната слика на Винстон Черчил, соопшти аукциската куќа.

Черчил му ја претставил сликата на тогашниот американски претседател Френклин Рузвелт. Сликата потоа била продадена во 50-тите од еден од синовите на Рузвелт и оттогаш сменила неколку сопственици. Делото е дел од колекцијата на холивудскиот пар Анџелина Џоли и Бред Пит од 2011 година.

Друга слика на Черчил беше продадена на аукција. Тоа е пределот на Маракеш, а беше продадена за 1,55 милион фунти (1,8 милион евра).

Scroll to Top