Службеник од Белата куќа уапсен поради обид за убиство

Службеник од Белата куќа за кого полицијата трагала поради обид за убиство е уапсен веднаш кога пристигнал на работното место.

Мартис Едвардс (29) работел за националната безбедност во Белата куќа. Американската тајна служба изјавила дека била известена во понеделникот за Мериленд и веднаш издала налог за негово апсење.

„Едвардс веднаш бил уапсен пред Белата куќа кога пристигнал на работа“, објавила тајната служба. Од таму додале дека Мартинс веднаш бил пренесен во полициската станица во Вашингтон.

Полициски службеник изјавил за Си-ен-ен дека Едвардс бил баран поради обид за убиство со предумисла, но не ги објавил сите детали.

Scroll to Top