Снименото сведоштво на девојката што почина ќе биде искористено во судница

Снименото сведочење на Џуди Малиновски (33) ќе се искористи во судот против нејзиното момче, кое ја запалило на бензинска пумпа во Охајо!

На тој начин страшното злосторство што ја потресол цела Америка ќе ја добие својата завршница.

Џуди починала во август 2016 година кога Мајкл Сленџер, нејзиното момче, ја запалило на бензинска. Нејзиното сведочење е снимено додека таа лежела во болничкиот кревет.

Дури 80 отсто од кожата ѝ биле оштетени, а апаратите едвај ја одржувале во живот. Во пожарот таа ги изгубила двете уши и неколку прсти, а на грбот имала отворени рани. Имала дури 56 операции, но не успеала да се извлече.

„Не можев да замислам како едно човечко суштество може да биде толку злобно. Само стоеше и гледаше како горам. Боже, те молам, помогни ми“, рекла таа, меѓу другото, во сведочењето.

Сленџер првично бил обвинет за напад, но обвинувањето е преименувано по нејзината смрт и судијата дозволил нејзиното сведочење да биде користено како доказен материјал и покрај протестот на неговиот адвокат.

 

Scroll to Top