Снимила како се дави човек додека правела селфи

Девојката Анека Бадинг се обидувала да направи селфи во водите на најегзотичното место на светот, прочуените Мекензи Водопади во Австралија, додека зад неа едно момче, Тајванец, се лизнало од карпите и паднало во водата.

„Слушнав вресок. Кога се свртев, според движењата на момците на карпите помислив дека гледаат во некое опасно животно во водата. Тогаш една девојка ми го зема стапот за селфи за да му помогне на човекот кој се давеше“, изјави Анека.

Притисокот од водопадот бил преголем за Тајванецот да избие на површина.

„Се обидовме да повикаме полиција, спасувачки служби, но не успеавме да ги добиеме“, додала Анека.

И покрај натчовечките напори на сите околу неа, туристката неколку минути подоцна станала свесна дека најубавиот момент во водата го овековечила со хорор-сцена.

На момчето му немаше спас, а младата туристка се согласи својата фотографија да ѝ ја даде на локалната полиција.

„Ѝ рековме на полицијата дека мора задолжително да воведе сателитски сигнал во овие делови на водопадот за вакви сцени никогаш да не се повторат“, огорчено констатираше Анека Бадинг.

 

Scroll to Top